Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство

Сподели на:

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното претседателство на ВЛЕН најави дека на вечерашната седница Арбен Фетаи ќе биде вклучен во раководството на ВЛЕН и ќе остане вицепремиер за добро владеење, а Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

-ВЛЕН е комплетиран, вечерва ќе се кооптираат и 10 членови од Алијанса на Албанците на чело со Арбен Фетаи во претседателството на ВЛЕН. Исто така е дефинирано тие да бидат дел од претседателството на ВЛЕН, значи да ја тераме битката за локалните избори, битката за новата победа. Воедно, Фетаи останува вицепремиер за добро владеење, додека од ВЛЕН е предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство. За другите позиции во Владата ќе одлучи ВЛЕН во наредните денови и ќе бидете навремено информирани, рече Меџити.

Тој кажа дека нивниот предлог за министер за здравство деновиве ќе го поднесат до премиерот Христијан Мицкоски.-Имаме разговарано, деновиве ќе го предложиме и официјално, рече Меџити на новинарско прашање дали досега е разговарано со претседателот на Владата за тој предлог.

Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „Влен“.Претходно денеска од ВЛЕН објавија соопштение во кое ја поздравија одлуката на членовите на АА кои избрале да им се приклучат оценувајќи ја како чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на длабока трансформација кој, се наведува, заедно го започнале.

Вицепремиерот Фетаи, кој е дел од коалицијата „Влен“, придружуван од поранешниот министер за информатичко општество и администрацијана Азир Алиу вчера на прес-конференција официјално соопшти дека тој останува дел од Владата.Претседателот на едно од крилата на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Фетаи и, како што вели, неговата група од помалку од 40 луѓе, по одлуката дека Алијансата за Албанците е дел од Владата.

Сподели на:

Слични Објави