Мисајловски: Секоја една насмевка вреди повеќе од се’, им помагаме на социјално ранливите категории граѓани

Сподели на:

ВМРО-ДПМНЕ традиционално помага на социјално ранливите категории граѓани во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

-Денеска посетивме наши сограѓани од населените места: Ѓорче Петров, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, и дадовме наш придонес за овие семејства поубаво и достоинствено да ги поминат претстојните празници. Секоја една насмевка вреди повеќе од се во одредени мигови, благодарност до граѓаните за нивниот прием но и можноста да ги посетиме и да поразговараме. Во духот на празниците, да си помагаме, да покажеме почит спрема сите и да бидеме хумани, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Сподели на:

Слични Објави