Митева: За службени трошоци Владата потрошила пари колку за 5 амбуланти возила

Сподели на:

За службени трошоци Владата минатата година потрошила пари колку за 5 амбуланти возила или за реновирање на цело училиште. 270.000 евра за една година се потрошени за скапи летови, услуги по вип салони, гоштевања по кафеани и ресторани во земјата и во странство од страна на министрите и премиерот. Премиерот и министрите потрошиле 270.000 евра за луксуз, во ек на постковид, економска и енергетска криза, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.-Имено само во ек на Ковид кризата десетици наши сограѓани ги загубија животите поради недостатокот на соодветна опрема на голем број на здравствени институции. Сите се сеќаваме на случајот од Кратово пред една година, кога лекарите носеа човек на раце до здравствен дом затоа што возилото на брзата помош не можело да се пробие низ снегот. Да, овие пари наместо за гозби по вип салони можеле да се пренаменат за купување на соодветни амбулатни возила, повеќе од 5 амбулатни возила можело да се купат, доколку министрите и премиерот се откажеле од своите привилегии.Со 270.000 евра колку што за една година потрошиле министрите и премиерот можеле да се обезбедат и 3 противпожарни возила, за пожарникарите наместо со возила стари 40 години да можат својата работа да ја вршат со нови функционални возила. 270.000 евра доколку не се потрошеле за патувања на владините функционери, би биле сосема доволни целосно да се реконструира училиште или можеби пак учениците ќе ги имаа потребните учебници на време. Со 270.000 евра владата можела да изгради систем од фотоволтаични панели на некој од претпријатијата кои тонат во долгови за струја.Но наместо за инвестиции или подобрување на животот на граѓаните, Владата без срам потрошила 270.000 евра за патувања и угостителски услуги. Имено, да потсетиме дека и тогаш како и сега уверуваа дека продуктивните трошоци се сведени на максимум, а непродуктивните на минимум. Секоја година плус со оваа влада значи минус за Македонија, додава Митева.

Сподели на:

Слични Објави