Нови инвестиции и подобрување на условите за учење и работа во ООУ „Рампо Левката“
Во пресрет на новата учебна година Општина Прилеп продолжува со континуитетот на инвестирање во образованието. Нови инвестиции и подобрување на условите за учење и работа во ООУ „Рампо Левката“. Целосна рехабилитација на санитарните јазли, училишната библиотека, кабинетот по музичко, нови компјутери во кабинетот по информатика, нови рефлектори во спортската сала, машина за чистење на подови, роло завеси во сите училници и бели магнетни табли.
Градоначалникот Јовчески изјави: Создаваме поквалитетна иднина за нашите најмили преку подобрување на условите за нивниот развој, а со тоа вложуваме и во иднината на нашата општина Прилеп!