Приведени насилниците кои го претепаа сопственикот на прилепскиот локал

Сподели на:

Со брза и ефикасна интервенција на полициски службеници на ОВР Прилеп ги пронајде и лиши од слобода насилниците кои го претепале сопственикот на локал во Прилеп. На 05.04.2024 во 20.15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.М.(21), О.И.(26) и А. А.(34), сите од Прилеп, затоа што околу 19.00 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп. По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР

Сподели на:

Слични Објави