Проданоски: Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во патната инфраструктура преку градење на автопати, експресни, магистрални, регионални и локални патишта
Прес-конференција на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник од четвртата изборна единица, Дејан Проданоски:
Почитувани сограѓани,
Лошата инфраструктура е еден од големите проблеми со кој се соочуваме како држава, а особено Пелагонискиот регион во кој припаѓа нашиот град.
Ја бараме вашата поддршка, но и се обврзуваме наредниот четири годишен мандат дека ќе започнеме со реализација на проекти за градење на модерна и функционална инфраструктура.
Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во патната инфраструктура преку градење на автопати, експресни, магистрални, регионални и локални патишта. Ќе инвестираме во железничката инфраструктура преку градење и реконструкција на железничките пруги и набавка на возови. Ќе инвестираме и во комуналната инфраструктура преку градење на водоводни, атмосферски и фекални канализациски системи во сите населени места низ земјата.
Почитувани сограѓани,
Владата на ВМРО ДПМНЕ за потребите на граѓаните на општина Прилеп ќе инвестира во следните капитални проекти:
-Конечно завршување на изградбата на експресниот пат од Градско преку Росоман и Дреново во должина од околу 33 километри.
-Изработка на студија и комплетна проектна документација за изградба на експресниот пат Велес – Прилеп преку Општина Чашка. Рокот за изработка на проект е до 2028 година.
-Ремонт со електрификација на пругата Велес – Битола. Со ремонт на истата ќе се добие побрз, посигурен и побезбеден железнички превоз.
Со директна поддршка од централниот буџет за капитални локални проекти, ќе се реализираат следните проекти:
-реконструкција на улица Победа со мост,
-кружен тек Табана со мостовско решение,
-влез Македонски Брод-Прилеп,
-улица Орде Чопела,
-кружен тек Нова Автобуска,
-реконстукција на спортска сала Партизан,
-урбанизарање на нова населба „Проект Градина“ (улици, водовод, канализација, осветлување, училишта, градинки),
-реконструкција на стари и изградба на нови детски игралишта и сали, реконструкција на улици во населени места и градот.
Почитувани сограѓани,
Целта и визијата на ВМРО ДПМНЕ е да донесеме обнова и пораст на економскиот развој, придвижување и комплетно завршување на сите заостанати проекти на кои ќе им дадеме нов импулс и квалитет, а нудиме и ќе реализираме нови проекти.
Почитувани сограѓани,
Овие проекти може да ги реализираме само со ваша поддршка. Потребна е масовна излезеност изборите кои ќе се оддржат на 8- ми Мај. Ве повикувам да го заокружите бр.2 за Македонија повторно да е наша!
Број 2, за Гордана, за Македонија повторно да е горда!