Средба со тутунарите од Пелагонија

Сподели на:

Цветан Трипуновски од комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот на советот на Општина Прилеп и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски, пратеникот Петар Ристески и градоначалникот Борче Јовчески денес беа на средба со здруженија на тутунопроизводители и тутунари од пелагонискиот регион.

Цветан Трипуновски: Ситуацијата со откупот на тутунот е критична, а МЗШВ и Владата немаат слух за овој проблем и за негова разрешница.Тутунарите се најголемата категорија земјоделци во Македонија и доколку Владата продолжи со овој игнорантски пристап кон нив ќе изгубиме многу земјоделски семејства за кои добрата цена на тутунот значи и нивна егзистенција. Потребна е промена во целиот сектор земјоделие за да го вратиме достоинството на македонските земјоделци во Република Македонија!

Денеска, на мое барање, сум на средба со тутунопроизводителите од прилепскиот регион, поканети се здруженија од областа на тутунопроизводството. Гледаме дека власта едноставно не е заинтересирана за решавање на проблемот со откупот на тутунот и овде правиме еден пресек на актуелната состојба во која што се наоѓа моменталниот откуп каде што можеме да констатираме дека откупот е на многу минимално ниво, меѓутоа воопшто не се задоволни од откупната цена која што е во моментов на сила. Она што денес го предложив на состаноков, а воедно упатувам и апел до Владата на Република Македонија и до МЗШВ и Николовски, е една формула како да се поткрене цената за да биде општо задоволство и на компаниите и на земјоделците пред се, но и за државата да ја задржи оваа категорија на земјоделци која што е многу битна за целиот земјоделски сектор. Државата преку министерството и надлежните институции од областа под итно да направат производна цена за 2023 година, на таа цена треба да се стави 30% зголемување за да имаат профит тутунопроизводителите. Ова државата може да го направи и да ја наметне таа цена преку Тутунскиот комбинат Прилеп каде што таа цена ќе биде зголема за 30% за коперантите коишто се на Тутунскиот комбинат Прилеп, овој тренд ќе го следат и останатите компании. Дополнително и државата теба да помогне со дополнителен финанскски допринос, односно ако субвенцијата за првата категорија од 80 денари да се зголеми на 110 денари преку интервентниот фонд. После поразот на СДСМ и ДУИ доаѓа сериозна Влада коа што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија.

Сподели на:

Слични Објави