Стојанче Ангелов: Соработката со СДСМ завршува
„Соработката со СДСМ веќе е минато“, потенцира утрово во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ првиот човек на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов. Ретко слушаме пофални зборови за некој од Владата предводена од СДСМ и ДУИ, а „светла точка“ според многумина е Стојанче Ангелов.Утрово на емисијата се дискутираа актуелните политичките теми како: Крстот на Попова Шапка, предизвиците со кои се соочува ЦУК, медикопетерот на МВР, соработката со СДСМ, законот за бранителите од 2001-ва година, претседателски кандидат, но и прашања дали би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ или пак СДСМ. Првиот човек на ЦУК и покрај тоа што е дел од владината коалиција не го криеше незадоволство, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.
-Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов .На прашањето дали би му пречела влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро за стабилизација, но така тешко се решаваат крупни прашања според него.Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.
-Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воедни инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, вели Ангелов.Ангелов искажа незадоволство и за суштинските промени во ЦУК. -Во делот на кризниот менаџмент влегов со срце, ја проучив материјата, цело време сум на терен, но за жал не ми беше дадена можноста да ги направам неопходните реформи. Професорот Марјан Груевски за кој јас лично се сомневам најблиску бил до оган ако правел скара, вели саркастично генералот Ангелов. Освен ваквите теми, Ангелов ја искоментира и случката од вчерашниот ден, кога министерот Оливер Спасовски рече дека МВР има нов медикоптерот, но Ангелов потсети дека за тоа била заслужна ЦУК, но никој не се повикал на нивниот ангажман.