Тошковски: Шверцуваните мобилни телефони се развиваат во интересен случај, причинета е огромна штета

Сподели на:

Шверцуваните мобилни телефони ќе се развијат во интересен случај, смета министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој сподели дел од своите сознанија. -Факт е дека пред некој ден, минатата недела, имаше интересна акција спроведена од СВР Скопје, во делот на борба против трговија со дрога, при што беше откриена поголема пратка на одредена техничка роба – мобилни телефони. Станува збор за пратка од огромен број на мобилни телефони, вредни огромна сума, којашто, според инфромациите што ги имам, не соодветствува со документацијата што треба да ја има Царината. Притоа, причинета е огромна штета по буџетот на Македонија, вели Тошковски

Сподели на:

Слични Објави