Во одборот на директори на ВИТАМИНКА влегува и Горан Трајковски, поранешен директор на УЈП
Горан Трајковски поранешниот директор на Управата за јавни приходи и носител на повеќе функции во минатото, предложен е за нов неизвршен член на Одборот на директори на „Витаминка“. Освен него како нов неизвршен член во Одборот е предожена и екс гувернерката Маја Кадиевска Војновиќ. Двајцата треба да бидат избрани на претстојното Акционерско собрание.
Инаку Сашо Наумоски кој моментно е генерален извршен директор и извршен член на Одборот на директори со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет ќе добие уште еден таков мандат. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп поседува 7,03 отсто од вкупниот број акции или вкупно 5.390 обични акции.