Македонец среде Мелбурн засвире „ужичко коло“
Христијан Спировски, по потекло од Македонија, е млад пијанист кој е роден и со години живее во Мелбурн, каде често ги забавува луѓето со своите виртуозни изведби.
Тоа го поткрепува и видеото во кое тој на пијано свири Ужичко коло, придружуван од девојка по име Шион, виолинистка од Јапонија.„Оваа година почнав да свирам пијано во центарот на Мелбурн речиси секој ден и имам можност да видам луѓе од целиот свет кои доаѓаат да ме слушаат“, вели Христијан. Шион и Кристијан се сретнале случајно на железничка станица во центарот на Мелбурн. Откако била воодушевена од свирењето на Христијан, решила да му се придружи и да го придружува на виолина.
„Случајно ја запознав девојката и немавме никакви проби, ова дојде толку ненадејно, спонтано. Таа дојде од Јапонија на одмор во Мелбурн“, додал тој. Основно и средно музичко училиште Христијан завршил во Битола, а универзитет во Мелбурн. Потекнува од музичко семејство, а во 80-тите татко му свирел на гитара заедно со хармоникашот Урош Антиќ од Ниш. Заедно ја основале првата југословенска група во Мелбурн.