Хуманоста на дело!
Хумани пациенти како Антонио Танев и Даниел Петрески мајстори на својот занает помогнаа да се преуреди и реновира амбулантата на одделението на максилофацијална хирургија. Раководителот на одделението Д-р Катерина Алавантиоска лично се заложи и ја прими донацијата од општествено одговорните компании ДЕ-НИ мебел и Грација Прилеп. Донираа дел од нивната широка палета на производи кои има беа потребни на мајсторите да го уредат делот на одделението. Голема благодарност до сите! Стои во соопштението на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.