Лашкоска: Сите од СДСМ попримиле од Зоран Заев, се колнат без око да им трепне. За декларацијата за Гоце Делчев се согласувале, ама немале храброст да ја поддржат!

Сподели на:

На комисијата за прашања на избори и именување зема збор Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и се обрати до Диме Велкоски од СДСМ.

Колегата заменик координатор на СДСМ, Диме Велкоски, вели дека во целост ја поддржуваат декларацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја има поднесено во Собранието на Р. Македонија за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев. Но, тоа само на збор. Попримиле сите од Заев! Се колнат без око да им трепне!
Храброст да ја изгласаме немаат. Храброст немаат ни да разговараме во Собрание за Гоце Делчев – Изјави Ане Лашкоска.

Сподели на:

Слични Објави