Уште едно остварено ветување, оспособување и обновување на фонтаните во Прилеп
Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески имаше ветено дека се што беше запоставено изминатите години ќе се обнови, па така во соработка со директорот на водовод и канализација Игор Гулабоски, денес од ЈКП Водовод и канализација Прилеп се пофалија за оспособување на неколку фонтани во центарот на Прилеп.
ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп во изминатиот период работеше на оспособување и враќање во функција на фонтаните во центарот на град Прилеп, а воедно и негово разубавување.
Екипите на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп во месец ноември минатата година направија увид на состојбата на фонтаните, при што беше констатирана нефункционалната состојба и се започна со конзервација на истите. Со започнување на пролетната сезона ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп со сопствени средства пристапи кон санирање, оспособување и враќање во полн сјај на фонтаните во центарот на градот. Сликите на истите пред и сега можат само да го потврдат тоа.
Јавното претпријатие направи напори и презеде мерки за пуштање на фонтаните во нормално функционирање, а со тоа го вративме убавиот и естетски лик на градот.
Фонтаните во иднина ќе продолжат да го разубавуваат Прилеп, а ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп нема да дозволи да биде доведено под знак прашалник нивното одржување.
Функционалноста, одржливоста и развојот на јавното претпријатие се приоритетите кои се водечки сегменти за раководството на истото. Еве и неколку слики од пред и потоа: