Трагедија! Мајка на три деца го загуби животот во сообраќајка на патот за Крушево

Сподели на:

На 02.08.2023 во 16.00 часот било пријавено дека на патниот правец Прилеп-Крушево близу Кривогаштани, патничко возило, управувано од С.С(35) од с. Канатларци, излетало од патот. Во несреќата го загубила животот неговата сопруга, со тешки телесни повреди се здобиле и трите деца, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од МВР.

Сподели на:

Слични Објави