ДУИ одбележа 20 години од формирањето
Демократската Унија за Интеграција денес во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект.
Во својот говор партискиот лидер Али Ахмети рече дека ДУИ постигнала голем успех во интеграцијата на Албанците во Македонија.
-Мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците. По мирот и помирувањето, работевме за ЕДНАКВОСТ, која дојде преку националните симболи, службениот јазик, правичната и соодветна застапеност, територијалната поделба, универзитетот, и тоа не само Државниот универзитет во Тетово , туку и Универзитетот “Мајка Тереза“ како резултат на волја, помирување и одраз. Еднаквоста се унапреди во КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА која беше постигната преку двојното мнозинство на Бадентер, консензуалното донесување на буџетот, одлучувањето во Владата и Собранието, спречувањето на мајоризацијата и маргинализацијата, афирмација на позитивната дискриминација, заедничките консензуални кандидатури за Претседател на државата, Претседател на Собранието и неодамна и за Премиер на нашата заедничка земја, истакна тој.
Ахмети во својот говор посочи:
„Овие чекори доведоа и до целосна ИНТЕГРАЦИЈА во државата, во општините, во владата, во собранието, во администрацијата, во полицијата од 170 полицајци на над 2.000, во армијата од 65 на над 2.000, во администрацијата од 2% до над 21%, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност.
Интеграцијата во земјава наметна и регионална интеграција преку нашата политика НУЛА ОТВОРЕНИ СПОРОВИ СО СОСЕДИТЕ и поставување на ЦРВЕНИ ЛИНИИ за нашата партија кои се:
Охридскиот Договор,
Договорот од Преспа,
Договорот за добрососедство.
Од овие црвени линии BРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА и кој сака да биде партнер со нас, мора да ги почитува овие принципи“ – порача Ахмети.