Ахмети призна пораз во Тетово, Беса води пред ДУИ, а ВМРО ДПМНЕ води во однос на СДСМ

Сподели на:

Независно од тоа што овие избори беа без волја, сепак законот требаше да се почитува. Поради немањето искуство на актуелното раководство на општината, неизбежно беше да се почитува законот за да се организираат избори за Советот на општина Тетово. Иако неучеството беше многу големо на овие избори за жал и во непогодно време, сепак таа е демократијата и ние ја почитувавме, ова го изјави вечерва Али Ахмети признавајќи го поразот на ДУИ во Тетово.

Досегашните резултати од 76% од изброените гласови се следните:

ДУИ-7706 гласа

Беса-8341 глас

ДПА-788 гласа

Алијанса-614 гласа

Алтернатива-699 гласа

ВМРО-2169 гласа

СДСМ – 1313 гласа

Листа подобро за Тетово – 414 гласа

Левица – 347 гласа

Турската партија – 164 гласа

Ромската партија 104 гласа

Интегра-94 гласа

Ахмети додава дека за нив се важни процесите.

„За нас е важно и понатаму да инвестираме во демократските стандарди почнувајќи од изборните процеси се до силно инсталирање на владеењето на правото на правната држава. Посакуваме наредниот совет независно од бројките да биде функционален и да не се прават грешките кои се правеа во минатото и луѓето повторно да се носат на избори“, вели Ахмети.

Сподели на:

Слични Објави