Мицкоски во Велес на увид во градежните работи
Ве известуваме дека денеска со почеток во 13:00 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев во рамките на активноста „Промените на дело“, ќе присуствуваат на увид во градежни активности кај паркингот на социјалните згради, населба Тунел, општина Велес, се вели во најавата испратена од ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.Од партијата соопштија дека по завршување на настанот, ќе бидат дадени изјави за медиумите.