Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски изјави Османи

Сподели на:

Министерот Османи истакна дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.
Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, изјави Османи.

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Сподели на:

Слични Објави