Повторно убиства во Србија – најмалку 10 убиени

Сподели на:

Најмалку 10 лица убиени и 13 повредени во престрелка што доцна вечер на 4 мај се случила во Младеновац во близина на Белград, јавуваат српските медиуми. 21 годишниот напаѓач е се уште во бегство. РТС јавува дека пукањето се случило во селото Дубоња кај Младеновац и дека е во тек потера по напаѓачот. Според извештаите, на местото на настанот биле испратени екипи за итна помош и силни полициски сили. Порталот „Телеграф“ јавува дека меѓу убиените се и 20-годишен полицаец и неговата сестра. Ови сериски убиства се случуваат по само 48 часа од масакрот во основното училиште во Белград, каде ученик ги застрела своите врсници.

Сподели на:

Слични Објави