Масовна тепачка со тврди и стаклени предмети
На 02.06.2023 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Волково бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка.-Имено, Т.Ј.(32), Ц.Ј.(66) и С.Б.Ј.(26), сите од Скопје, пријавиле дека околу 23.30 часот, Т.Ј. и Ц.Ј. физички биле нападнати од повеќе лица, по што настанала меѓусебна пресметка во која што биле употребени тврди и стаклени предмети.
Во врска со случајот, С.Д.(31) од с.Волково, Х.Е.(37), Н.С.(53), С.С.(30) и Ф.Х.(32), сите од Скопје, изјавиле дека физички биле нападнати од страна на Т.Ј. и Ц.Ј., информира МВР.