Христијан Мицкоски денеска во Прилеп
Настанот е во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствува на увид на градежни активности во Општина Прилеп.
Од Прилеп изјави: Денеска заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, присуствувавме на увид на градежни активности на булевар „Гоце Делчев“. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира реалокација на средства од централниот буџет во општините за капитални проекти, за Прилеп ќе бидат одвоени годишно од 8 до 8 и пол милиони евра.