МЕЃУ ПРВИТЕ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРИЛЕП ЗАПОЧНУВА СО СЕЛEKТИРАЊЕ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Сподели на:

Општина Прилеп, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ и ЈКП Комуналец, започнува со селектирање и собирање на ситен електричен и електронски отпад. За таа цел, во општината ќе бидат поставени 24 специјализирани контејнери на различни локации. Во овие контејнери граѓаните ќе можат да одлагаат ситен електронски отпад: батериии, мобилни телефони, ситни апарати од домаќинствата, мали монитори, статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални и видео-камери, скенери, факс-машини, стерео системи, до максиумум средна големина на принтери.Локациите на контејнерите за собирање на ситен електронски отпад ќе бидат поставени на прометни улици за да може да се застане со автомобил и да се фрли отпадот или би биле поставени на видливи места да бидат забележани од граѓаните.

Општината за таа цел обезбеди 24 пунктови:

Пункт 13-катница, Пункт Уред, Пункт Универзална сала, Пункт Бул „Гоце Делчев’’ накај хотел Липа, Пункт булевар ,, Гоце Делчев’’, наспроти Џими – маркет, Пункт Точила под пазарче, Пункт Димо Наредникот – паркинг накај Шопе, Пункт Александар Македонски – стадион, Пункт стара автобуска до мост покрај ново отворената улица, Пункт Табана – паркинг зграда, Пункт градски пазар од кај катна гаража, Пункт Типска населба – парк, Пункт Могила/хотел Салида – кај оградата, Пункт кај Економско училиште/алтернатива Рампо Левката, Пункт кај паркинг фабрика 11 Октомври, Пункт Точила – згради паркинг од кај Света Петка Ц3, Пункт Самоилова кај интернат, Пункт Економски факултет, Пункт Тризла меѓу градинка и ООУ,, Добре Јованоски’’, Пункт Александар Македонски – накај Лук Оил, Пункт Вишне кај Месна заедница / алтернатива покрај река повидливо, Пункт згради Ѓогдере – видлив пункт од кај река и Пункт болница или Петта прилепска.Целта е заштита на животната средина од штетните супстанци кои ги предизвикува електронскиот и елктричниот отпад во рамките на спроведување на Законот за управување со електричен и електронски отпад. „Речиси 70 % од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.“ велат од ЈКП Комуналец Прилеп.Воедно, Општина Прилеп заедно со ЈКП Комуналец определи и два собирни центри – во кругот на платото за селекција на отпад на ул „Трајко Николоски“ во населбата Сточен пазар каде од 2016 година постои и витрина за складирање на ситен електричен и електронски отпад и изградениот магацински простор до депонијата во Алинци. На овие две локации граѓаните можат да одлагаат и големи електрични и електронски уреди, при што обврска на колективниот постапувач е да го преземе од собирните пунктови бесплатно.Наредната 2024 година, согласно Законот за управување со електричен и електронски отпад, Општина Прилеп и ЈКП Комуналец предвидуваат оваа активност за заштита на животната средина да ја зголемат со дополнителни контејнери за овој тип отпад, со создавање на здрава еко животна средина и правилно третирање и управување со отпад, преку едукација на граѓаните.

Сподели на:

Слични Објави