Богородица ги собра верниците на Трескавец
Долга традиција од постоењето на манастирот Успение на Пресвета Богородица, верниците да го посетат манастирот на неговиот празник. Реки народ се упатуваа кон Трескавец, најчесто пеш по карпестиот предел, но имаше и доста кои со моторни возила или велосипеди го користеа асфалтираниот пат. Утрово се одржа и литургија на која беше присутен и Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Г. Петар.