ЗГОЛЕМЕНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА 4000 ДЕНАРИ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА МОГИЛА

Сподели на:

ЗГОЛЕМЕНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА 4000 ДЕНАРИ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА МОГИЛА. ИСТО ТАКА ФИНАНСИСКА ПОМОШ И ПРИБОР ЗА ДЕЦАТА ЧИИ РОДИТЕЛИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА СОЦИЈАНА ПОМОШ И ЗА СИТЕ ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОПШТИНА МОГИЛА. Градоначалникот Драганчо Саботковски изјави: Пред една година на мој предлог како градоначалник и со одлука на Советот на општина Могила обезбедивме финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила. Денес ја зголемуваме финансиската помош на 4000 денари. Овој проект има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче. Воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети.

Сподели на:

Слични Објави