Јовчески апелира прилепчани утре да го искористат бесплатниот градски превоз
Утре прилепчани ќе се возат бесплатно со јавниот градски превоз, со оваа одлука ќе се одбележи Европската недела на мобилност и со таа цел градоначалникот Јовчески изјави:
БЕСПЛАТЕН Јавен градски превоз за сите прилепчани, во петок на 22.09.2023! Ден без автомобили, Општина Прилеп со ЈП за ПУП се приклучуваат кон одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Апелирам што повеќе граѓани да ја искористат можноста и да го употребат Јавниот превоз и барем на еден ден да ги оставиме автомобилите и позитивно да влијаеме на заштитата на животната средина!