Клуч на врата за повеќе големи маркети – не ги почитувале владините мерки
Клуч на вратите и блокади за „ЗАТВОРЕНО“ вчера ставија инспекторите од Државниот пазарен испекторат на повеќе ланци на големи маркети во Скопје и Струга. Информацијата ја потврди првиот човек на ДПИ, Горан Трајковски. Тој објасни дека блокатори се ставени на поголеми маркети во Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, а исто така надлежните во Струга наишле на неправилности.
„Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга“; напиша Трајковски доцна синоќа на Фејсбук.Тој во објавата посочува дека повеќепати повторил дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата.„Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите“; порача Трајковски.