Тоше: Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш на дождов
Неколку години пред да не напушти, една врнежлива вечер Тоше застанал со автомобилот до Рафит, кој продавал весници на булеварот во Скопје.
Приказната на Рафит ја разбра цела Македонија, а беше уште еден доказ за добрината на хуманитарецот на нацијата, Тоше. Тој го прашал Рафит Хасани колку заработува во една вечер, а тој му одговорил дека заработува едвај 150 денари. Без воопшто да размислува, Тоше извадил 500 денари од џебот, му ги дал на продавачот Рафит и му рекол: „Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш на дождов“. После тоа Тоше редовно го посетувал Хасани за да му однесе топол чај.