Кумановец користел фалсификувани бугарски документи
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривичнa пријавa против П.Ј.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
На 24.10.2023 на граничен премин Деве Баир, при пасошка контрола, пријавениот на увид дал бугарска возачка дозвола и бугарска лична карта за кои било утврдено дека се фалсификувани.