Трипуновски на средба со тутунарите во Коњари

Сподели на:

Денес новиот дополнителен министер за земјоделие Цветан Трипуновски беше во посета на прилепско Големо Коњари каде имаше средба со тутунарите од регионот. Трипуновски: Првиот работен ден како дополнителен технички министер за земјоделство го започнувам теренски во Големо Коњари, Прилеп, на средба со тутунарите бидејќи во моментов актуелен е откупот на тутун. Поразговаравме за проблемите со кои се соочуваат тутунарите и ги разгледавме опциите што можеме да направиме во овој период за да им се помогне на земјоделците. Сакам да најавам дека во наредниве сто дена ќе дадам се од себе да се спречат злоупотребите, манипулациите и омаловажувањето на земјоделците ширум Република Македонија и дека во нас ќе имаат силен партнер кој што ќе се погрижи да го добијат тоа што го заслужуваат.

Сподели на:

Слични Објави