Повторно апсење и кривични пријави во МВР

Сподели на:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик. Имено, на 26.12.2023, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки „црвена застава“, ловечка пушка „бенели арми“, ловечки карабин „бровинг“, ловечка пушка „берета“, четири кутии со барут, четири кутии со сачми, алат за изработување ловечки патрони, 36 куршуми во разновиден калибар и 22 ловни патрони. А при претрес во просториите што ги користи неговото правно лице биле пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка“, пушка „крико“ и пушка „берета“. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.

Сподели на:

Слични Објави