|

СВЕТСКО А НАШЕ- АВАНТГАРД

Сподели на:

Клубот за естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” – Прилеп зеде сериозен замав со успеси со свои учеснички (грации) на интернационални натпреварувања. Клубот “АВАНТГАРД” ја развива оваа олимписка дисциплина рамо до рамо со познати клубови од балканот и пошироко, чии клубови оваа дисциплина ја работат повеќе од 30 години. Нашите прилепски грации полека и успешно веќе 8ма година заедно со нивниот тренер и претседател на клубот Дип. Професор по физичко воспитување Александра Стојаноска така и овој пат покажаа и докажаа со учеството на интернационалниот куп ЕВИТАКУП кој се одржува во Свилајнац – Р.Србија и ги освоја следните места во различни категории:

Групна вежба AGG (8-10 години)

1 место- (Калина Петкоска, Сара Маркоска, Галена Јорданоска, Галена Ацеска, Марија Кузманоска, Илина Кузманоска, Јована Везенкоска,Ива Конеска, Дарија Бунтеска, Мелани, Ристеска, Исидора Нешкоска и Сања Гулеска).

Индивидуална вежба – реквизит лента

1 место- Анастасија Нешкоска

Индивидуална вежба – реквизит чуњеви

1 место- Илина Кузманоска

Индивидуална вежба – реквизит топка

2 место- Георгина Апостоловска

Индивидуална вежба – реквизит топка

4 место- Јована Везенкоска

Индивидуална вежба – реквизит обрач

5 место- Јана Димоска

Индивидуална вежба – реквизит обрач

7 место- Галена Ацеска

Сподели на:

Слични Објави