Учениците од ООУ,,Блаже Конески” го одбележаа денешниот празник со низа активности

Сподели на:

Солунските браќа Св. Кирил и Методиј им подарија светлина на словенските народи, им ги отворија тајните на книгите, им помогнаа да го запишат и сочуваат културното наследство за следните генерации. Глаголицата што ја создадоа македонските браќа е основата на денешниот македонски пишан збор и широко отворен прозорец за негово презентирање во светот. По повод големиот христијански празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и Денот на просветните работници, учениците од ООУ,,Блаже Конески” Прилеп со поддршка на нивните наставници пригодно го одбележаа со низа активности и предавања во манастирот Арахангел Михаил, Св. Атанасиј, Св.Никола, за на крај во познатото панаѓуриште, кое патем речено, датира од времето на живеењето на солунските браќа, во населбата Варош, во непосредна близина на црквата Св. Димитрија, ја изведоа и пригодната програма збогатена со ликовна и литературна работилница.

Сподели на:

Слични Објави