Се реновира ООУ „Кочо Рацин“
Во тек се градежните работи од проектот за реконструкција на фасадата и атмосферската и дренажната канализација на централното основно училиште „Кочо Рацин“. Ова училиште е најстара воспитно-образовна институција во нашиот град, тоа е под целосна заштита на Музејот на Македонија и е од огромно културно и историско значење за Прилеп. Покрај реконструкцијата на фасадата и канализацијата, се работи и на партерното уредување на дворот на училиштето. Вкупната вредност на овие проекти изнесува околу 4 милиони денари. Со овие инвестиции, Локалната самоуправа, продолжува да води грижа за сите училишта во нашиот град, подобрувајќи ги условите за учење и работа на учениците и наставниот кадар.