| | | |

Крани полека но сигурно го враќа сјајот! (ФОТО)

Сподели на:

Авто-кампот “Крани“ рај за кампери со традиција повеќе од 30 години (фотогалерија).

Денешниот прекрасен летен ден беше совршен да го посетиме авто-кампот “Крани“ каде ја почуствувавме целата атмосфера на туризам во камп приколки.

Со својата совршена местоположба во подножјето на планината Галичица на брегот на Преспанското Езеро на надморска висина од 850 м.н.в. со право е наречена воздушна бања со погодна клима за лекување на многу заболувања. Уште со влегувањето во кампот во очи паѓа бујната вегетација од најразлични видови на дрвја, листопадни и зимзелени, кои шират најразлични мириси меѓу кои мирисот на липа кој денес беше најкарактеристичен.

Камп приколки уредени на различен начин секоја оргинална на свој начин. Но, имаат и заеднички нешта како мали огради, фенерчиња, многу цвеќиња, тенди, удобни столици, клацкалки, уредени кујнички, купатила. Повеќето од нив се во приватна сопственост и секој се труди да ја уреди што поубаво за да одморот му биде што поудобен.

Низ разговори со камперите кои ги сретнавме ни кажаа дека има “староседелци “ кои се тука повеќе од 30 години во добрите времиња на животот на авто-кампот “Крани“ кој во времето на Југославија беше многу популарен камп и сите доаѓаа да бидат видени на популарната плажа во “Крани“ или доаѓаа во диското на провод. Во тој период авто-кампот “Крани“ беше еден вид монденско туристичко место.

Авто-кампот “Крани“ може да му понуди на секого по нешто со своите природни убавини и бујна вегетација која потсетува на ботаничка градина. Но, секако дека по наше мислење е дека старите кампери најдобро си го поминуваат одморот и ги користат благодетите на чистиот воздух и совршената клима.

Сподели на:

Слични Објави