Пратеничката Билјана Кузманоска со реплика кон Сања Лукареска
Пратеничката Билјана Кузманоска од Прилеп со реплика кон Сања Лукареска од редовите на СДСМ:
Колешке, Судејќи по вчерашниот ден очекував дека нема да биде прифатена програмата од ваша страна. Ја спомнавте Европската Унија и евроинтеграциите, па се прашувам дали сте свесни дека токму заради отсуство на реформа во администрацијата која според ЕУ требаше да биде професионална, непартиска и во функција на граѓаните, Македонија не доби датум за почеток на преговорите и за тоа е виновна вашата влада. Ама и патот кон Европкската униија ви беше само декларативна заложба затоа што ако реално имавте намера да не носите на тој пат немаше да си дозволите да се потрошат 440 илјади евра за привремени вработувања во Управата за јавни приходи. Ако имавте бар трошка грижа за граѓаните и за државниот буџет немаше на партиски настани да одите со службени возила, чии трошоци ги плаќаат македонските граѓани од својот џеб. Почитувана колешке токму заради тоа, ви пречат стручните компетентни кадри предложени од почитуваниот мандатар затоа што за нив нема да слушнете за криминалии и корупција туку тоа се луѓе на кои пред се и над се им е интересот на државата кој подразбира многу работа, чесност и отчетност. Затоа оваа програма и овие луѓе ја добија историски најголемата доверба од народот. Наместо да критикувате ве советувам да се преиспитате зошто во изборната единица каде што токму вие бевте носител имавте катастрофален резултат. Почитувани колеги од редовите на СДСМ, граѓаните не се со кратко паметење и знаат да казнуваат. Јас ве уверувам дека овие луѓе никогаш нема да дозволат штотуку отворена компанија да добие милионски поврат на ДДВ, а да плати ДДВ само неколку илјади евра, ниту пак ќе дозволат било чија фирма да има милионски долгови на неплатен ДДВ …Експертите за вакви сценарија се во вашите редови. Народот е оптетен од ваша страна ! Вие ни оставивте опустошена држава, го ограбивте државниот буџет, институциите ги направивте нефукционални, здравството не може да биде поболно од ова што е сега, а за жал образованието е и подолу од дното, а токму овие луѓе сега максимално ќе се посветат на внатрешните проблеми и клучните реформски зафати и убедена сум дека успешно ќе се справуваат со сите предизвици. И не се секирајте… доаѓаат подобри времиња за Македонија. Кога веќе немавте сопствени идеи, најмалку што можете да направите е да ја поддржите нашата програма и бар еднаш да покажете реална грижа за македонските граѓани. Тие го заслужуваат тоа.