Фуриозниот старт на новата влада останува забележан од страна на јавноста
Фуриозниот старт на новата влада останува забележан од страна на јавноста, пришто оценките се дека тоа претставува радикален дисконтинуитет и позитивна промена наспроти лошите перформанси на поранешната власт на СДСМ и ДУИ.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, кој важи за близок до опозициските ДУИ и СДСМ, во гостување во дебатната емисија на телевизија Телма, изрази позитивни импресии од стартот на премиерот Христијан Мицкоски и новата влада.
„Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам дека нема да ги изгуби. Има промена во пристапот кон странските инвестиции,“ заклучи Муслиу.