Првпат по 2014-та година: Позитивната листа дополнета со девет генерики – еве ги нивните имиња

Сподели на:

Денес (15.08.2024 година), Управниот одбор на Фондот, донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лекови по генеричко име, односно, по форма и јачина фактички позитивната листа се проширува за вкупно 20 лекови. Ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Сподели на:

Слични Објави