Кузманоска: СДСМ и ДУИ воопшто немаа јасна заложба за вреднување на трудот на вработените (ВИДЕО)
СДСМ и ДУИ воопшто немаа јасна заложба за вреднување на трудот на вработените во јавниот сектор и нивно понатамошно задржување. Од вкупните вработувања 70% се реализирани преку нетранспарентна постапка – без објава на јавен оглас спротивно на Законот за вработените во јавниот сектор поради нивно вработување преку Агенции за привремени вработувања или преземање. Утврдени се значителни разлики во исплатените основни бруто плати за исто работно место во различни институци. Изјави денеска пратеничката Билјана Кузманоска.