Објавени добитниците на награди и признанија по повод 3-ти Ноември
Денес на пресконференција одржана од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, беше презентирана Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Наградата за животно дело-Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
–Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар- огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникоѕ на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа;
–Жарко Башески-македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп;
Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;
ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;
Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп- општествено одговорна компанија;
Ликовна колонија-Дрен–повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
МАТАДОР– успешна и општествено одговорна компанија;Научен институт за тутун-научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
Мариовско-Мегленски средби-за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
ФК Братство Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
Центар за развој и едукација Прилеп-за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј– за негување на традициите и донации за најмладите во спортот
Награди – дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
Марјан Јованоски-солист, првенец во македонска опера и балет;
Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
Ивана Атанасоска–светска олимпијада по геонауки;
Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
Елена Ртоска–за особен придонес во развивање на екстремните спортови;
Никола Павлески– младински првак во шах;