Велјаноски: Да работиме заедно за нашите цели и нашата општина Долнени
Во општина Долнени денес ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржа народен митинг на кој беа промовирани кандидатите за советници во советот на општината и кандидатот за градоначалник Сашко Велјаноски.– Верувам дека денес сме собрани тука заедно затоа што ја препознаваме грижата, одговорноста и респектот што сите го имаме кон нашата општина. Сакам да ги поздравам сите присутни членови и симпатизери на партијата. Воедно да ги поздравам и да им заблагодарам на генералниот секретар Сајкоски и претседателот Христијан Мицкоски, за поддршката и довербата која ми ја даваат, вака го започна својот говор кандидатот Велјаноски.
Тој потенцираше дека е конечно дојде време општина Долнени да се тргне од рацете на ДУИ и конечно да почне да се работи на раст и развој на општината.– Сосема е јасно дека нашата општина во изминатиов мандат претрпи економска, духовна и морална криза. Тие кризи се настанати, заради нашиот колективен неуспех да се ослободиме од хипокризијата и неспособноста на претходното општинско водство. Заради тоа развојот на општина Долнени е во статус кво и е на ниво на непостоење. Затоа, на овие избори, треба да се фокусираме на оние кои што се добри, кои што сакаат, можат и имаат истрајност и знаење за да придонесат за еволутивен раст на општина Долнени, истакна Велјановски.
– Со обединетост, издржливост и колективен дух за развој, можеме да ги пребродиме ветриштата на уништувањето што ги носат арамиските тајфи што ги предводи ДУИ, и како граѓани на општина Долнени, да излеземе попаметни и посилни од стегите на овие пророци на апокалипсата за нас и нашата општина. Почитувани сограѓани, успехот не е прашање на среќа или случајност. Тоа е резултат на заеднички напорна работа, дисциплина и одлучност да се пробијат тешкотиите и препреките во нашите животи инсталирани од измамниците. Да не дозволиме моментите на тешкотии да не скршат. Да не дозволиме стравот од неуспех да не спречи. Мораме да станеме и да продолжиме, бидејќи само така ќе го постигнеме она што го сакаме во животот. Направи вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Заокружи го бројот 9!, изјави Велјаноски.