Во сабота ЕКО АКЦИЈА во Прилеп
Општина Прилеп, во соработка со ЈКП „Комуналец“, сите Јавни претпријатија, образовни институции и голем дел на општествено одговорни компании, Ве поканува да бидете дел од еко-акцијата: „Еко мисија – твојот потпис за природата“ Датум: сабота, 15 ноември, Време на поаѓање: 8:30 часот, Место на собирање: пред НУЦК „Марко Цепенков“
Обезбедени се ќеси, заштитни ракавици и организиран е превоз, потребна е само добра волја! Ќе се чисти на многу локации но трите клучни точки каде што во сабота ќе се насочиме и каде што отпадот и дивите депонии се најзастапени се: делот кон Вештачкото езеро, излетничкото место кај с. Селце и околу месноста Волково! Сите граѓани се добредојдени да се приклучат и заедно да придонесеме за почист и поубав Прилеп! Ве очекуваме во сабота, на 15 ноември, да го исчистиме Прилеп и да не создаваме отпад! – Објавија од Општина Прилеп.


