Македонијо, во срце те носиме – доаѓа во Прилеп!
По магичните вечери во Охрид, Делчево, Штип и Струмица каде што илјадници гласови пееја како еден, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме пристигнува во Прилеп! Дружбата со прилепската публика е закажана во среда (24 септември) со почеток во 20:00 часот. Ова не е само концерт – ова е празник на македонската душа, на љубовта…