Анкета, ВМРО-ДПМНЕ води двојно пред СДСМ

Сподели на:

Околу половина или 54,2% од испитаниците сметаат дека изборите треба да се одржат во редовен рок во 2024 година. Речиси две третини или 61,3% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори. Според рејтингот на политичките партии и на нивните лидери останува водството на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.Ова истражување покажа дека јавноста сѐ помалку верува дека политичките партии се способни да спроведат економски напредок и развој или пак да водат добра надворешна политика. На прашањето која политичка партија има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма за Македонија, 12,9 отсто од испитаниците предност дадоа за ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ му веруваат 9,9 отсто, а на Левица 3,4 %.

И оваа анкета покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на другите политички партии. На прашањето за која партија ќе гласате на наредните избори, 21,8 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, 12,4 % за СДСМ, 8,2 % за ДУИ, за Левица би гласале 4,5 %, за Алијанса за Албанците 3,7 %, за Беса 2,3 отсто… Повеќе од 40 отсто одговориле со „не знам“, „не сакам да откријам“ или „ќе го поништам ливчето“.

Сподели на:

Слични Објави