Градоначалникот на Општина Могила со апел за помош на Трајан од Добрушево кој во пожар го изгуби домот

Сподели на:

Градоначалникот на Општина Могила со апел за помош на Трајан од Добрушево.

Денес пристигна не убава вест од Трајан од Добрушево кој синоќа во пожар го изгуби покривот над својата глава.

При посетата во Добрушево во разговор со Трајан дадовме збор дека со заеднички сили ќе се организираме да помогнеме во најбрз можен рок да се изгради нова скромна куќа.

За жал, вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви.

Ги повикувам сите добронамерни луѓе колку што имаат можност да помогнат што побрзо да се обезбедат услови за нормален живот на Трајан Секуловски од Добрушево.

Лице за контакт за донации Ице
тел. 071-251-603

Сподели на:

Слични Објави