Ќе се чисти општинската зграда во Прилеп
После 6 години од шарената револуција кога и се протестираше пред општинската зграда и се бојадисуваше надворешниот изглед на Општината, актуелниот Градоначалник Борче Јовчески ги повикува сите граѓани кои сакаат да учествуваат во акцијата за чистење на општинската зграда да дојдат утре Сабота во 08 часот пред Општината. Борче Јовчески изјави дека Општинската зграда е лицето на градот Прилеп! Прилеп не смее да има епитет на нечист град!
Во продолжение ви ја прикажуваме објавата на социјалните мрежи