60 улици во Прилеп ќе се асфалтираат и рехабилитираат

Сподели на:

Денес Градоначалникот Борче Јовчески го потпиша договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп, со фирмата изведувач. На социјалните мрежи изјави: Имајќи ја во предвид состојбата во која се наоѓаат голем дел од улиците, после направената анализа дадовме предност на улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години. Ги исполнуваме нашите ветувања и започнуваме една градежна офанзива која што ќе трае континуирано до крајот на оваа календарска година. Со оваа рехабилитација на над 60 улици како што е нашиот план и подобрувањето на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот а се разбира и нивото на услуги на сите граѓани учесници во сообрајќајот. Ова е само почеток на градежните активности за голем број на проекти кои што ќе се реализираат во оваа година. Нашата цел останува иста, работиме и ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на нашите сограѓани!

Сподели на:

Слични Објави