Акција на МВР во прилепско во која е запленето дрога во вредност од околу 300.000 евра
Во тек е голема акција на МВР во прилепско во која е запленето поголемо количество дрога во вредност од околу 300.000 евра.
Според неофицијални информации, станува збор за уште еден пресечен меѓународен канал за шверц со дрога, а има и приведени наркодилери.
Од Министерството за внатрешни работи потврдиле дека во тек е полициска акција, а повеќе детали најавуваат по целосно завршување на акцијата.