Ченто и Пешов на средба со министерот Тошковски
Денес Јане Ченто и Митко Пешов неправедно осудените за настаните од 27ми Април 2017 година, остварија средба со министерот за внатрешни работи на Република Македонија Панче Тошковски.
Борбата за правда не смее да запре, се додека не се постигне конечната слобода. На тој пат овие луѓе не се сами и секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, затоа што вистината е на нивна страна. Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени. Изјави министерот за внатрешни работи на Република Македонија Панче Тошковски