Д-р Билјана Кржеска носител на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Прилеп
Вечерва на седниците на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени советничките листи за претстојните локални избори.За општина Прилеп, носител на советничката листа е Спец. д-р Билјана Кржеска – докажан професионалец, специјалист гинеколог во прилепската болница и раководител на Одделението за гинекологија и акушерство.
Д-р Кржеска ужива голема доверба меѓу своите сограѓани, а вечерва и таа се обрати преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека ќе работи посветено во интерес на граѓаните на Прилеп.
Со искрена благодарност ја прифаќам дадената доверба да бидам Носител на победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп. Оваа чест е и голема одговорност – пред вас, граѓаните на Прилеп, пред иднината на нашите деца и пред нашата заедничка надеж за подобар град. Ветувам посветена работа, чесност и упорност – за Прилеп да чекори напред, за секој еден човек да има повеќе можности, достоинство и подобар живот. Прилеп има сила и мудрост – заедно ќе го покажеме тоа!
Прилепчани веќе се убедени дека ќе имаат успешен мандат кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски и носителот на советничката листа Билјана Кржеска.



